5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБалотели: Нема потреба да драматизирате

Балотели: Нема потреба да драматизирате

uip

Марио Балотели за кусо време (интервал од десет дена) му донесе две победи на Ливерпул овој пат на Бешикташ (1:0) во Лига Европа, но контроверзниот напаѓач одново направи ‘циркус’ на теренот.

Ливерпул до 85 минута не успеа да го скрши отпорот на Бешикташ, се до моментот кога десниот бек Ајб избори пенал за ‘црвените’.

Иако се очекуваше пеналот да го изведе Хендерсон или Стариџ, Балотели ја зеде топката јасно ставајќи им до знаење на соиграчите дека тој ќе шутира.

„Хендерсон требаше да го изведе пеналот.Тој како капитен требаше да шутира, такви се правилата. Мерио повотрно беше палав и покажа непочитување кон капитенот, но од друга страна му честитрам бидејќи беше прецизен. Сепак не е убаво да се гледаат соиграчите како се расправаат“, рекол Стивен Џерард кој натпреварот го пропушти поради повреда.

Балотели пред пеналот со Бешикташ погоди 26 од 28-те пенали.

„Благодарам Хендо што ми дозволи да го изведам пеналот, а вие останати престанете да правите драма. Победивме и тоа е најважно. Ние пред се сме тим, ние сме Ливерпул. Благодарам момци“, напишал Балотели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП