1 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГоран Драгиќ нов играч на Мајами Хит

Горан Драгиќ нов играч на Мајами Хит

282619

Кошаркарскиот репрезентативец на Словенија, Горан Драгиќ, од Феникс Санс се пресели во тимот на Мајами Хит.

Драгиќ кој во изминатите две сезони беше клучниот играч на Феникс, во вторникот побара трејд, клубот позитивно одговори на неговото барање и тој се пресели на Флорида.

Инаку Словенецот оваа сезона статистички е полош во однос на минатата, најмногу поради тоа што на плејмејкерските позиции шанси добиваат Ерик Бледсо и Ајзеа Томас кои летово потпишаа повеќегодишни договори со Феникс.

„Јас сум плејмејкер, го влечам тимот, сакам да ја имам топката, да ги разигрувам соиграчите, тогаш сум вистинскиот. Минатата сезона беше сјајна, оваа е поинаква. Да стојам во аголот, тоа не е мојата игра“, рекол Драгиќ истакнувајќи дека ја загубил довербата во тимските челници.

Феникс не објави што добил од трејдот на Драгиќ во Мајами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП