20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТуре го одби Сити, веќе преговара со Интер!?

Туре го одби Сити, веќе преговара со Интер!?

jaja ture 23

Еден од најдобрите играчи на Манчестер Сити – Јаја Туре ги отфрлил предлозите од клупското раководство за нов договор, тврдат медиумите.

Африканецот, кој неодамна стана шампион на континентот со тимот на Брегот на Слоновата Коска, дури веќе имал прелиминарни преговори со друг клуб – Интер.

На чело на „нероазурите“ е Роберто Манчини, кој беше менаџер на Туре во Сити и кој одлично ги познава неговите квалитети.

Сепак, Туре во Сити заработува по 200.000 фунти неделно, а слична плата би била доста висока за стандардите на Интер, уште повеќе ако се има предвид и даночната политика во Италија.

Па поради тоа останува да се види, дали станува збор за шпекулации или на крајот на сезоната, Туре за помала плата ќе се пресели во редовите на Интер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП