12 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОПланот на Марота - Голема ѕвезда и кој уште?

Планот на Марота – Голема ѕвезда и кој уште?

marota juve 2

Јувентус е подготвен да го задржи Пол Погба, освен во случај на понуда од 100 милиони евра за која неверуваат дека ќе пристигне. Тие не сакаат размена на играчи, туку исклучиво сакаат пари, но тешко е да се очекува дека некој ќе ја плати оваа сума за Французинот.

Oд играчите кои сигурно ќе си замнинат на прво место е Љоренте, а на негово место најверојатно ќе пристигне Симеоне Заза од Сасуло.

Вториот напаѓач кој би требало да дојде ќе биде некоја ѕвезда, Јуве го сака Кавани, и натаму актуелен е и Фалкао, а се споменува и заборавениот Солдадо, но не треба да се исклучат и изненадувања. Тоа што е сигурно дека клубот има обезбедени пари за еден голем трансфер и тоа невклучувајќи го заминувањето на Погба.

Во одбраната, изгледа истече времето на Леонардо Бонучи, па стандардниот штопер најверојатно ќе го напушти Торино, а од позајмица ќе се врати младиот репрезентативец Ругани, а во таборот на „старата дама“ се подготвени да го форсираат. Тие го сакаат и искусниот Миранда од Атлетко Мадрид, но тој не е приоритет.

Специјалност на Марота се слободните играчи, па веќе е договорено доаѓањето на Нето, бразилскиот голман од Фиорентина, а Алегри го сака и Де Јонг на кого му истекува договорот со Милан.

Јуве исто така ги следи Алан и Видмер од Удинезе, Луиз Адријано од Шахтјор и Фабијан Шар од Базел. Се споменува и Невен Суботиќ, но тој е прескап за „бјанконерите“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП