
Со наближувањето на саемот за електроника во Барселона шпекулациите за тоа што ќе достават водечките производители се зголемува.


Со наближувањето на саемот за електроника во Барселона шпекулациите за тоа што ќе достават водечките производители се зголемува.
Покрај премиерите на долгоочекуваните модели на „Samsung“ – „Galaxy S6“ и на „HTC“ – „HTC One“, очекувањата се поврзани со нова серија лаптопи од „Asus“, нова линија чипови од „Qualcomm“ и друго.
Меѓу технолошката заедница се шпекулира за уште еден уред кој може да биде претставен токму за време на овој саем – нешто помеѓу дигитална камера и паметен телефон, уред од компанијата „Lenovo“.

Моделот наречен со името „Lenovo Vibe Shot“, се очекува да е паметен телефон, чија најпрепознатлива карактеристика ќе е камерата. Уредот се очекува да е со алуминиумско тело во три бои, а камерата најверојатно ќе има 16 мегапиксели со сензор за подобри слики во недоволна средина и троен „флеш-блиц“. Таа ќе располага уште со инфрацрвен автофокус и оптичка стабилизација.
Во однос на техничките карактеристики на смартфонот, тој ќе има 5-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели, како и новиот осумјадрен чип на „Qualcomm“ – „Snapdragon 615“. Ќе има 3 GB RAM меморија и 32 GB внатрешна меморија која може да се проширува со слот картичка. Оперативниот систем ќе е најновата верзија на „Android“ – „Lollipop“.