3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКапело ги шокира Шпанците: Фудбалот не е за хомосексуалци

Капело ги шокира Шпанците: Фудбалот не е за хомосексуалци

fabio-capelo35344

Селекторот на фудбалската репрезентација на Русија Фабио Капело ја шокира шпанската и светската фудбалска јавност со изјавата дека фудбалот не е за хомосексулаците.

За шпанските медиуми Капело изјавил дека не се согласува со оние кои ја критикуваат играта на Атлетико Мадрид. Најголем број на стручњаците во Шпанија велат дека тактиката на тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не е добра и дека тимот игра премногу груб фудбал.

Прославениот италијански тренер рекол дека Атлетико не игра груб фудбал. Тој воедно порачал дека „фудбалот не е за хомосексуалци“, а во таа прилика го употребил зборот „mariquitas“ кој е навредлив за оваа група на луѓе.

„Атлетико не е клуб какви што се Реал и Барселона, туку е клуб кој има екстра вредности. Тоа е клуб кој има тимска игра, победнички дух и е екстремно борбен. Фудбалот е физичка игра и отсекогаш тоа било така“, рекол поранешниот тернер на Милан, Реал и фудбалската репрезентација на Англија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП