Во последните неколку дена во Франција топ тема е Пол Погба, а причината за тоа не е трансфер во некој друг клуб, туку поради тоа што нема спонзор.
Еден од експертите за пазарот, констатираше дека се ќе биде така, се додека Французинот игра во Серија А. Имено, Франк Улмије, познат маркетинг консултант смета дека за да се стекне договор, потребно е овој млад фудбалер да премине во посилна лига.
Меѓутоа, вистината е сосема различна.
Мино Рајола, кој води сметка за кариерата на Погба, ја одбил понудата од „Најк“ од три милиони евра по сезона.
Според неговите пресметки, Погба би можел наскоро да биде изедначен со Роналдо или Меси, кои земаат 7, односно 6 милиони по сезона. Поради тоа, познатиот менаџер несакал да влага во преговори, верува дека маркетинг вредноста на Погба ќе расте исто како и фудбалската, и дека дури следната сезона би требало да преговараат.
Инаку, „Најк“ сакаше да обезеди договор на 10 години, а токму времетраењето на договорот бил основната причина поради која Рајола несакал да ги стартува преговорите.