3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТоп 15 изјави на Ибра

Топ 15 изјави на Ибра

zlate

Еден од најконтраверзните, се разбира и еден од најдобрите фудбалери на светот, Златан Ибрахимовиќ одговара на новинарски прашања:

1. Не ги издржа обвиненијата дека Рафаел ван дел Варт намерно го удрил во текот на натпреварот меѓу Шведска и Холандија.

„Не те повредив намерно и ти тоа го знаеш. Ако ме обвиниш повторно ќе ти ги скршам двете нозе и тоа ќе биде намерно“.

 

2. Има високо мислење за себе. Навистина високо.

Новинар: „Кој ќе победи на Светското првенство“? Ибрахимовиќ: „Само Господ знае…“? Новинар: „Ќе биде тешко на него да му се постави прашањето“ Ибрахимовиќ: „Како? Па токму сега гледате во него“

 

3. По прашањето кој стил го практикува на терен, шведски или југословенски, го покажа неговиот наднационален став.

„Јас го играм Златановиот стил“

 

4. Ибрахимовиќ речиси го осигура преминот во Арсенал од шведското Малме, а клубот веќе направи дрес со негово име. Се што требаше да направи е да се појави на пробата… Другото е историја.

„Златан не оди на аудиции“

 

5. Ибрахимовиќ не беше задоволен откако беше прашан дали купил ново Порше.

„Апсолутно не. Порачав авион. Тој е многу побрз“.

 

6. Швеѓанецот покажа дека може да се шегува на своја сметка. Или барем така се чини.

„Не можам, а да не се насмеам на тоа колку сум совршен“.

 

7. А најде и совршена споредба со автомобил.

„Кога ќе ме купите, вие всушност купувате Ферари“.

 

8. Ибрахимовиќ е многу незгоден кога неговата сексуалност се доведува во прашање.

„Дојди кај мене душо и донеси ја твојата сестра, па ќе ти покажам кој е геј“.

 

9. И кога е повреден, тој смета дека претставува проблем на теренот.

„Повредениот Златан е посебно опасна работа за секој фудбалски тим“

 

10. Шведска испадна во доигрувањето во натпреварот против Португалија на неодамнешното Светско првенство. Првенството остана без Ибрахимовиќ, а тој имаше коментар.

„Едно е сигурно. Светското првенство без мене не вреди да се гледа“.

 

11. Ибрахимовиќ одговори на Џон Карју откако Норвежанецот изјави дека некои потези на Швеѓанецот се бесмислени.

„Тоа што Карев го прави со топката јас можам со портокал“

 

12. Не беше нималку загрижен откако Шведска беше елиминирана од Евро 2012 година.

„Не ми е грижа кој ќе победи. Јас одам на одмор“.

 

13. Ибра најави и совршен подарок за сопругата која и онака има се.

„Ништо, таа веќе го има Златан“.

 

14. Откако беше прашан како оди снаоѓањето во Париз.

„Бараме стан. Ако ништо не најдеме најверојатно ќе купиме хотел“.

 

15. Имаше што да каже откако Ливерпуловиот, Стефан Хенчоз не успеа да го спречи во нападот.

„Прво отидов на лево, тој исто така. Потоа отидов десно, тој исто така. Потоа повторно отидов на лево, а тој отиде по хот-дог“.

 

 

 

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП