18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКаталонците се сериозно „загреани“ за Бендер

Каталонците се сериозно „загреани“ за Бендер

bender 1

И покрај забраната за трансфери до зимата 2016-та година, Барселона веќе знае кого ќе доведе како ново засилување.

Имено, „каталонците“ се распрашуваат за услугите на фудбалерот на Баер Леверкузен, Ларс Бендер, кого сакаат да го доведат веднаш кога ќе им заврши забраната за трансфер на играчи, јавуваат медиумите во Шпанија и Германија.

Претседателот Бартомеу, кој повторно ќе се кандидира на оваа функција на следните избори, сака да го доведе Бендер, кој оваа сезона одигра 18 натпревари за Баер во Бундеслигата, а притоа постигна еден погодок и имаше две асистенции.

Иако можеби е изненадување интересот на Барса за Бендер, германскиот интернационалец тотално заслужува внимание на најголемите светски клубови, по одличните настапи, како во оваа, така и во минатите сезони.

Како што е веќе познато, Барселона ќе има конкуренција од страна на Арсенал, клуб кој веќе со месеци се поврзува со Бендер.

Меѓутоа, Арсенал е во предност во однос на Барса, затоа што можат да го купат Ларс Бендер веќе во наредниот, летниот преоден рок.

Талентираниот 25-годишен фудбалер одамна е желба на Арсен Венгер и Арсенал е подготвен за него да понуди 30 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП