28 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо: ПСЖ беше подобар

Мурињо: ПСЖ беше подобар

muki i blan

ПСЖ и Челзи одиграа 1:1 во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите, иако екипата од Париз беше поблиску до победата. Челзи постигна гол од единствениот удар кој одеше во рамките на голот на ПСЖ, а во продолжението на мечот офанзивата на домашниот тим продуцираше само со еден гол.

Дека ПСЖ бил поблиску до победата и дека Челзи извлекол реми благодарение на голманот Тибо Куртоа призна и предводникот на „сините“, Жозе Мурињо.

„Нерешено е фер резултат, но доколку го погледнете бројот на приликите за постигнување на гол и колку одбрани имаа голманите ќе забележите дека ПСЖ беше поблиску до победата“, рече Португалецот по мечот на „Паркот на Принцовите“.

„Со овие 1:1 и понатаму се е отворено, тие имаат фантастичен тим, со фантастични играчи, осбено е опасна тројката која игра во нападот. Секако дека и јас очекувам од моите офанзивни играчи да постигнуваат голови, но среќа е што имаме двајца-тројца фудбалери кои секогаш можат да постигнат гол. Ивановиќ изгледа се претплатил за големите натпревари“, дополнил Мурињо.

Неговиот колега Лоран Блан жали што ПСЖ не успеал да победи, но истакнал дека е горд на своите фудбалери.

„Одигравме онака како што се договоривме, одигравме перфектен натпревар, со исклучок на еден дел од него. Една наша деконцентрација во одбраната овозможи дефанзивците на Челзи да направат акција и да ја завршат со гол. Ние бевме фокусирани на нивните офанзивни играчи, во ситуација кога голем број на нивни дефанзивци останаа пред нашиот гол. Сепак покажавме со каков квалитет располагаме, напаѓачки ќе играме и во реваншот, еден гол може да ни биде доволен“, изјави Блан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП