4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул за три дена ќе заработи 10 милиони фунти!

Ливерпул за три дена ќе заработи 10 милиони фунти!

livi pur

Англиски Ливерпул очекува приход од околу 10 милиони фунти од двата натпревари кои ќе ги одигра во Австралија во текот на летото.

Тимот на Брендан Роџерс ќе се сретне Бризбејн Роар и Аделаида Јунајтед на нивните стадиони „Бризбејн Санкорп“ и „Аделаида Овал“ во рок од три дена меѓу 17-ми и 20-ти јули. Пред неколку дена шефовите на Ливерпул го потврдија враќањето на тимот од „Енфилд“ во Австралија во идното лето.

Во летото на 2013-та година Ливерпул одигра пријателска средба со Мелбурн Виктори на „Мелбурн Крикет Граунд“, која беше посетена од 95.000 фанови на Ливерпул во австралискиот град.

Сите приходи од билетите по договор одат во касата на „црвените“. Билетите за натпреварот помеѓу Ливерпул и Аделаида Јунајтед на 20-ти јули започнаа да се продаваат, а уште во првиот ден од нивното пуштање на пазарот, сите 53.000 примероци беа распродадени. Истото се очекува и за средбата меѓу „црвените“ и Бризбејн, која ќе се одигра на „Бризбејн Санкорп“ со капацитет од 52.000 гледачи.

Ливерпул добива по 800.000 фунти од владата на Јужна Австралија за популаризацијата на фудбалот во овој дел од земјата. Одделно продажбата на билети за секој еден од двата дуели ќе вложи во касата на Ливерпул приближно 3 милиони англиски фунти. Збирот до 10 милиони се очекува да биде исполнет од продажбата на дресови и сувенири на „црвените“ околу двете средби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП