17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКК Работнички во пресрет на дербито повикува на фер плеј

КК Работнички во пресрет на дербито повикува на фер плеј

mzt rabotnicki

КК Работнички повикува на фер плеј во пресрет на вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ и Работнички кое ќе се одигра в среда во Спортскиот центар „Јане Сандански“.

„Натпреварот  меѓу МЗТ и Работнички секогаш предизвикува голем интерес во јавноста, но овојпат натпреварот е посебно интересен со оглед на тоа како заврши минатото дерби. Но, според мене, минатото треба да го оставиме и утрешниот натпревар да помине во духот на спортот, а за мене тоа значи фер плеј, коректно навивање и фер судење па подобриот нека победи. Доколку овие услови се обезбедат, убеден сум дека крајниот резултат ќе е во наша корист.

„Дeлегирањето на судиите беше преку ждрепка, а тројката која е избрана да ни суди е составена од тројца ФИБА судии кои верувам дека ќе судат професионално. На крајот на краиштата овој натпревар ќе биде следен од цела Македонска јавност и не верувам дека било кој би се дрзнал втор пат да го уништи вечното дерби“, стои во изјавата на претседателот на Работнички, Васко Кичевски, кое како соопштение е доставено до медиумите.

За потсетување првиот меч во сезоната меѓу вечните ривали, кое се одигра во салата во Градски Парк не го доживеа својот крај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП