1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерари посакува радикални промени во изгледот на болидот (фото)

Ферари посакува радикални промени во изгледот на болидот (фото)

sega ferari1

Од Ферари објави фотографии на радикално различен болид од Формула 1. Со концептуална визија од „Скудерија“ се надеваат да ја ревитализираат дебатата за драматичните промени во спортот, кои би можеле да бидат направени.

Во пресрет на состанокот на комисијата на Формула 1 во Женева, каде што ќе се дискутираат новите правила, од Ферари навестуваат какви промени може да се направат во дизајнот.

Наместо да се концентрираат на деталите, како што е широчината на автомобилот, големината на гумите или капацитетот на моторот, идејата на Италијанците е да покажат сеопфатна нова визија.

sega ferari2

Резултатот по недели работа во дизајнерско студио и аеродинамичниот оддел на тимот од Формула 1 – Ферари демонстрираше многу футуристички модел. Највпечатливо на него е двојното предно крило и бројни облини по телото. Задното крило е прилично традиционално.

Одлуката на Италијанците доаѓа непосредно откако Мекларен и Ред бул ги приготвија своите концепти. Сепак, двата тима одбија да објават фотографии, но се смета дека не се толку радикални.

sega ferari

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП