18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБарса направи договор за 140 милиони евра

Барса направи договор за 140 милиони евра

barsa telefonika

Барселона се согласи да ги продаде правата за емитување на натпреварите од „Ла Лига“ во следната сезона на шпанскиот телеком „Телефоника“, на тој начин да ја прекине долгогодишната соработка со „Медиапро“.

Од стадионот „Камп Ноу“ не ја соопштија точната цена на трансакцијата, но според локалните медиуми таа е во вредност од околу 140 милиони евра – што одговара на износот што досега го плаќаше „Медиапро“.

Договорот за телевизиските права на Барселона е само за една сезона, бидејќи од 2016-та година се очекува да стапи во сила колективен договор, со кој ќе биде скратена разликата во износите кои ги добиваат најголемите и најмалите тимови во првенството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП