Светската фудбалска федерација (ФИФА), на Барселона ќе и дозволи да реализира трансфери и покрај казната која му е изречена на клубот.
Имено, ФИФА го известила каталинскиот клуб дека ќе може да реализира трансфери , но дека поради казната играчите кои ќе бидат регистрирани во летниот преоден рок за Барселона ќе стекнат право на настап во јануари 2016 година.
ФИФА во август 2014 година ја казни Барселона поради нелегални трансфери на малолетни фудбалери за забрана на трансфери до јануара 2016 година и парично со 450 илјади швајцарски франци.
Барселона одлуката на ФИФА ја обжали во Судот за арбитража во спортот, но истата и беше одбиена, односно Судот само ја потврди одлуката на Светската фудбалска федерација.