14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФА куп: Манчестер јунајтед избори четвртфинале со Арсенал

ФА куп: Манчестер јунајтед избори четвртфинале со Арсенал

11668-felaini (1)

Арсенал и Манчестер јунајтед ќе се сретнат во четвртфиналето на ФА купот, откако ’црвените ѓаволи’ со пресверт во осминафиналето го минаа третолигашот Престон.

Манчестер јунајтед со многу мака го мина третолигашот Престон кој со голот на Лард на стартот од второто полувреме стигна до водство. Андер Ерера го израмни резултатот, Фелаини погоди за 2:1, а Вејн Руни од пенал ја потврди победата на ’црвените ѓаволи’.

Покрај дуелот Арсенал-Манчестер јунајтед во четвртфиналето ќе играат градските ривали Астон Вила и ВБА, односно Ливерпул-Блекбурн и Бретфорд-Рединг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП