15 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтадемаер си оди од Њујорк Никс

Стадемаер си оди од Њујорк Никс

amar stademaer

Амаре Стадемаер по пет сезони ќе го напушти тимот на Њујорк Никс, откако со клубот се договорил да си го откупи договорот што му овозможува да стане слободен агент.

Преговорите според американските медиуми успешно биле завршени во неделата, во време кога во „Медисон Сквер Гарден“ се играл Ол Стар натпреварот.

Стадемаер во Њујорк пристигна како големо засилување и човек околу кого клубот требаше да гради шампионски тим. Центарот пред пет години потпиша договор кој му донесе 100 милиони долари, но вложеното во него тој никогаш не го покажа на теренот.

Стадемаер, кој во Њујорк дојде со репутација на еден од најдобрите играчи во лигата, во текот на својот престој често се соочуваше со повреди, па успеа да одигра само две цели сезони за Никси.

Како негови следни дестинации се споменуваат Далас, Голден Стејт, ЛА Клиперс и Феникс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП