21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБерлускони одбил да го продаде Милан за една милијарда евра

Берлускони одбил да го продаде Милан за една милијарда евра

berlusconi-milan

Бизнисменот од Би Тичаубол (Тајланд) понудил неверојатна сума од една милијарда евра за да го откупи мнозинскиот пакет на акции на фудбалскиот клуб Милан, но сопственикот на клубот Силвио Беркускони ја одбил понудата.

Тичаубол пред неколку месеци понудил 900 милиони евра, а потоа и една милијарда евра за да го откупи мнозинскиот пакет на акции, но како што објави компанијата на Берлускони „Finivest“, двете понуди биле без размислување одбиени. Во врска со овој случај нема некаква реакција од тајландскиот бизнисмен.

Тичаубол е извршен директор на компанијата „Prime Company Limited“ и косопственик на фудбалската компанија „Global Legends Series (GLS)“ која се занимава со промоција на фудбалот во Азија.

Милан во моментов се наоѓа на 11-то место во „Серија А“ и ги преживува најтешки моменти во последните три децении. И покрај лошите резултати во оваа сезона Милан според магазинот „Forbes“ е проценет на 750 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП