20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛиверпул ќе „пазари“ во Рим

Ливерпул ќе „пазари“ во Рим

Anfield-liverpool-fc

Раководството на Ливерпул планира во летниот преоден рок да доведе дури тројца фудбалери од италијанската „Серија А“ за вкупно 76 милиони фунти, пренесуваат англиските медиуми.

Менаџерот Брендан Роџерс повторно ќе троши во следниот преоден рок, а доколку може да им се верува на англиските новинари кои се блиски до Ливерпул, а постојат многу фудбалери кои тој би сакал да ги види во својот тим.

Тројцата од нив пристигнуваат од „Серија А“, а станува збор за досега споменуваниот Мирлем Пјаниќ, потоа Раџа Наинголан и фудбалерот на Лацио, Кејта Блејд Диао.

Менаџерот на „црвените“ беше во Рим пред неколку дена, а како што споменува неговиот помошник, тој таму имал многу важен деловен состанок.

Медиумите веднаш започнаа со шпекулации, а најгласните се поврзани токму за овие тројца.

Пјаниќ вреди 25 милиони фунти, Наинголан еден милион повеќе, додека Блејд Кеита исто така како и Босанецот вреди 25 милиони фунти.

Од Ливерпул веќе се обидоа да го доведат Блејд Кеита во претходниот преоден рок, но сепак не успеаа во својата намера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП