19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКазорла договорил трансфер во Атлетико Мадрид!

Казорла договорил трансфер во Атлетико Мадрид!

kazorla 1

Играчот на Арсенал, Санти Казорла е подготвен да се врати во Шпанија. Според радиото „Cadena Cope“, 30-годишниот фудбалер ги договорил личните услови со шпанскиот шампион Атлетико Мадрид и останува двата клуба да се договорат за трансферната сума.

Казорла започнува својата професионална кариера во Виљареал во 2003-та година, а во 2006-та поминува една сезона во Рекреативо, по што се врати на „Ел Мадригал“. Во 2011-та година потпишува со Малага, а 12 месеци подоцна беше привлечен од Арсенал.

Оваа сезона Казорла има 34 натпревари и 7 гола за „топџиите“ во сите натпреварувања.

Постојат сериозни сомневања дали Арсен Венгер и раководството на Арсенал ќе се согласи на трансферот, бидејќи Казорла има водечка улога во составот на „топџиите“ во оваа сезона.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП