Ски скокачот од Словенија, Петер Превц, постави нов светски рекорд откако на скокалницата во норвешкиот Викерсунд леташе 250 метри.
Превц со рекордниот лет забележа победа и го презеде лидерското место во генералниот пласман.
Покрај Превц место на победничкиот пиедестал изборија домашниот ски скокач Андерс Фанемел (236 и 238,5 метри) и Јапонецот Норијаки Касаи (218,5 и 225 метри).
Превц (22) во Викерсунд за три ипол метри го подобри претходниот рекорд кој во 2011 година го постави Норвежанецот Јохан Ремен Евесен.
„Беше навистина фантастично. И понатаму сум полн со адреналин. Го видов летот на Фанемел кој скокаше пред мене и си реков дека морам да го прифатам предизвикот“, рекол Превц веднаш по рекордниот лет.