Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за фудбалерот на Порто, Јасин Брахими, но добија неочекуван одговор од страна на челниците на португалскиот фудбалски великан.
„Го сакате нашиот играч? Платете 40 милиони фунти и ќе биде ваш“, вака изгледале „преговорите“ помеѓу управните одбори на Порто и Манчестер Сити околу доведувањето на Јасин Брахими.
Алжирецот е еден од играчите кои ги посакува Мануел Пелегрини, пред се поради тоа што игра на позицијата лево крило, но подеднакво се снаоѓа на сите останати позиции во средниот ред.
Брахими во Порто пристигна од Гранада за 6,5 милиони евра, а го сакаа токму Манчестер Сити, но и Тотенхем, но играчот ја избра Португалија сметајќи дека Порто ќе му помогне подобро да се развие што на крајот и се потврди.