7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈунајтед го брка Фалкао и дава 60 милиони фунти за Кавани?

Јунајтед го брка Фалкао и дава 60 милиони фунти за Кавани?

kavani man 3

Повторно спектакуларна шпекулација во врска со трансферите на Манчестер Јунајтед се појави во англискиот печат.

Според весникот „Дејли Стар“ од најпознатиот англиски клуб биле „убедени“ дека ќе земат напаѓачот на ПСЖ, Единсон Кавани.

Таблоидот смета дека менаџерот Луис ван Гал веќе издал „смртна казна“ за позајмениот Радамел Фалкао, кој нема да добие постојан договор. Холанѓанецот планира сепак повторно да дејствува на францускиот пазар, така што ќе даде 60 милиони фунти за напаѓачот на „светците“.

Весникот посочува дека „црвените ѓаволи“ веќе подолго време го следат Кавани, а во времето на Дејвид Мојс дури испратија барање за 28-годишниот голгетер. Во исто време сега извршниот директор на Јунајтед Ед Вудворд е пратен во француската престолнина, каде што на лице место ќе истражуваат какви се шансите за склучување на договорот.

Најверојатно во текот на летото клубот ќе направи нов обид да го привлече Кавани, а ако тој се покаже успешен, Уругваецот може да се претвори во најскапиот трансфер во историјата на Премиерлигата. Досега рекордот го држи Фернандо Торес, за кого Челзи плати 50 милиони фунти во јануари 2011-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП