10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПремиерлига: Кејн и Куман најдобри во јануари

Премиерлига: Кејн и Куман најдобри во јануари

jan hari

Фудбалерот на Тотенхем, Хари Кејн, и менаџерот на фудбалерите на Саутемптон, Роналд Куман, се прогласени за најдобри во Премиерлигата во јануари.

Хари Кејн во јануари постигна пет гола за Тотенхем и имаше една асистенција, тој по два гола постигна во победите над Челзи (5:3) и Арсенал (2:1), а беше стрелец и во поразот од Ливерпул (3:2).

jan kuman

Роналд Куман во јануари го предводеше Саутемптон до победите над Арсенал (2:0), Манчестер Јунајтед (1:0) и Њукалс (2:1). Саутемптон во моментов е четвртопласиран и се бори за место во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП