6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол Сколс: Манчестер Јунајтед игра очаен фудбал

Пол Сколс: Манчестер Јунајтед игра очаен фудбал

polskols 24

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, го критикуваше менаџерот на овој клуб Луј ван Гал. Сколс смета дека екипата на Ван Гал игра „очаен фудбал“.

Јунајтед по 25 натпревари во Премиер лигата се наоѓа на третото место со 12 бодови помалку од лидерот Челзи, но поради начинот на кој игра, Ван Гал е често критикуван од медиумите и навивачите.

Манчестер Јунајтед во средата забележа победа над Барнли, но и покрај триумфот навивачите ги исвиркаа фудбалерите.

„Не ми е лесно да кажам, но преставува вистинско мачење да се гледа екипата на Луј ван Гал. Во средата го победија Барнли, но Барнли беше подобар тим во првото полувреме. Во тој дел од натпреварот Јунајтед играше очајно“, вели Сколс.

Поранешниот играч на Јунајтед изјави дека играчите не преземаат доволно ризик во играта кога тимот напаѓа.

„Доколку сакаш да го победиш противникот, мораш да напаѓаш, а за да нападнеш мора и да ризикуваш. Малку играчи на Јунајтед се подогтвени да ризикуваат. Како играч на овој тим кој играше во редот за врска, морав постојано да ја додавам топката напред и тоа не беше секогаш успешно. Тоа не значеше дека на напаѓачите секогаш ќе им подготвам чиста шанса“, вели Сколс.

Еден од најдобрите играчи на Јунајтед во изминатите 15 години смета дека клубот кој има одлични фудбалери не смее играта да ја базира само врз еден фудбалер.

„Во сегашниот тим на Јунајтед единствено Ди Марија ризикува и, за жал, тоа досега не му донесе резултат. Играчите како да се опседнати со поседот на топка“, заклучува Сколс кој целата кариера ја мина во Јунајтед, за клубот одиграл 718 натпревари и постигнал 155 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП