25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКинески милијардер купува акции во Милан

Кинески милијардер купува акции во Милан

milijarder kina

Кинескиот милијардер Ванг Џијалин, сопственик на инвестициската компанија „Wanda Group“, може да стане акционер во Милан, соопштува „Corriere dello Sport“.

Според изданието, компанијата на бизнисменот ќе учествува во изградбата на новиот стадион на „росонерите“.

Неодамна „Wanda Group“ се договори за купување на швајцарската спортска маркетинг компанија „Infront Sports & Media“ за сума од 1.05 милијарди евра.

Во средината на јануари Ванг Џијалин исто така стана сопственик на 20% од акциите на Атлетико Мадрид.

Личното богатство на кинескиот бизнисмен се проценува на 10 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП