
Бенедикт Гангамба претседателот на фудбалскиот клуб Кабускорп од Ангола открил дека Бразилецот Роналдињо од наредната сезона ќе игра во овој клуб.


Бенедикт Гангамба претседателот на фудбалскиот клуб Кабускорп од Ангола открил дека Бразилецот Роналдињо од наредната сезона ќе игра во овој клуб.
„Таа работа е договорена. Роналдињо од јуни ќе биде наш играч“, рекол Гангамба и дополнил дека во наредниот период ќе треба само да се финализираат уште некои детали од договорот со 34-годишниот фудбалер.
Роналдињо до крајот на сезоната има договор со мексиканскиот клуб Куеретаро, а како сега стојат работите по истекот на договорот ќе тргне по стапките на сонародникот Ривалдо, кој еден период од кариерата мина во Ангола.
Роналдњо во 2004 и 2005 година беше прогласуван за најдобар играч во светот, а во 2002 година беше во репрезентацијата на Бразил која ја освои светската титула.