2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: Булси славеа над Кливленд

НБА: Булси славеа над Кливленд

derik-rose-so-klivlend

Кошаркарите на Чикаго го совладаа Кливленд со 113:98 во едниствениот натпревар кој во НБА лигата се одигра во ноќта помеѓу четвртокот и петокот.

Чикаго до 34-та победа во сезоната го предводеше Дерик Роуз кој натпреварот го заврши со 30 поени и седум скока. Покрај Ди Роуз кај Булси уште се истакнаа Тони Снел (22 поени), Пау Гасол (18 поени, 10 скока) и Жоакин Ноа (10 поени, 15 скока, 7 асистенции).

Леброн Џејмс беше најдобар во редовите на Кливленд со 31 поен, а Кајри Ирвинг имаше учинок од 17 поени, шест скока и седум асистенции.

Чикаго со скор од 34 победи и 20 порази се наоѓа на третото место на Истокот, додека Кливленд е на петтата позиција со 33 победи и 22 порази.

Инаку лидер на Истокот е Атланта (43-11), на втората позиција е Торонто (36-17), зад Чикаго е Вашингтон (33-21), а по Кливленд следуваат Милвоки (30-23), Шарлот (22-30) и Мајами (22-30).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП