8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФенингер го освои златото во велеслалом

Фенингер го освои златото во велеслалом

ana-feninger

Австријката Ана Фенингер е нова светска шампионка во велеслалом. На скијачкиот Мундијал кој се одржува во Вејл и Бивер Крик, Фенингер до вториот златен медал стигна со вкупно време ос 1:19.16 минути.

Фенингер возеше брлијинатно во првата трка кога во однос на второпласираната имаше речиси две секунди предност. Во второто возење таа скијаше рутински, па и покрај големата грешка која ја направи во средишницата на патеката стигна до златниот медал.

Второто место го освои Германката Викторија Ребенсбург, а до бронзат доскија Швеѓанката Џесика Линдел-Викарби.

Тина Мазе која во досегашниот тек од СП освои три медали велеслаломската трка ја заврши на петтото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП