28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМаркариан нов селектор на Грција

Маркариан нов селектор на Грција

P

Уругваецот Сержо Маркариан (70) е именуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Грција. Маркариан е наследник на Клаудио Раниери кој доби отказ по катастрофалниот старт во квалификаците за пласман на Европското првенство.

Уругваецот потпишал договор кој има важност до крајот на квалификацискиот циклус, а годишно ќе заработува по 350.000 евра.

Маркариан во изминатите четири години беше селектор на Перу, а во кариерата работел во Грција, во Јоникос (1998/99), Панатинаикос (2002-2004) и Ираклис (2004/2005).

Во неговото работно досие стои и дека во два наврати бил селектор на репрезентацијата на Парагвај.

По четири одиграни натпревари во Ф групата Грција се наоѓа на последното место со само еден освоен бод. На табелата во оваа квалификациска група води Романија со 10 бодови, а зад неа се Северна Ирска (9), Унгарија (7), Финска (4) и Фарски острови (3).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП