7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПандев се договорил со Џенова

Пандев се договорил со Џенова

cs

Поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев по завршувањето на сезоната ќе се врати во италијанската Серија А откако ги договорил условите за трансфер во Џенова.

Пандев кој во летниот преоден рок од Наполи пристигна во Галатасарај се поврзуваше со Џенова и во јануарскиот преоден рок, но тогаш административните правила го спречија неговиот трансфер.

Имено Џенова не успеа да го ангажира Пандев бидејќи клубот ја има исполнето квотата за регистрирање на фудбалери кои доаѓаат надвор од Европската унија.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Пандев договорил двегодишна соработка со Џенова, а годишно ќе заработува 1,3 милиони евра.

Пандев во Италија се пресели од Беласица во 2001 година и до оваа сезона играше за Интер, Специја, Анкона, Лацио и Наполи, во Серија А има одиграно 298 натпревари и постигнато 72 голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП