13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРома зема голем кредит за својот стадион

Рома зема голем кредит за својот стадион

roma olimpiko 35

Сопственикот на Рома, Џејмс Палота пристапува кон активности за исполнување на ветувањето да се изгради нов стадион на тимот. Тој е во напредни преговори со американска банка за добивање на заем во износ од 175 милиони евра.

Со оваа сума треба да се финансира првиот дел од изградбата на новиот објект на „волците“ во италијанската престолнина. Вкупно за неговата изградба треба да се обезбедат 300 милиони евра.

Заемот на Рома ќе биде распределен уделот од компанијата која го држи контролниот пакет акции на клубот, на американската банка „Голдман Сакс“. Посредувањето ќе се реализира преку италијанска финансиска институција.

Се очекува до крајот на годината да има уште преговори за набавката на целата сума за изградбата. Дел од средствата се очекува да бидат вложени и во издршката на римскиот клуб.

Инаку во моментов Рома го дели општинскиот стадионот „Олимпико“ со градскиот ривал Лацио и сака да се префрли на свој стадион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП