4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПобедата против Монпелје е императив за ракометарите на Вардар

Победата против Монпелје е императив за ракометарите на Вардар

gonzalesPresss

Ракометарите на Вардар против француски Монпелје, во сабота, ќе го одиграат натпреварот од претпоследното коло во Ц групата во Лигата на шампиони. Вардар пред одигрувањето на последните две кола се наоѓа на втората позиција во групата, додека францускиот тим е четвртопласиран и за очекување е тука да ја заврши оваа фаза во шампионската лига.

Победа или освоен бод за Вардар ќе значи дека за втората позиција во групата ќе решава во последното коло кога ќе му гостува на Рајн Некар Ловен, кој во ова коло гостува кај Чеховски Медведи и за очекување е да победи кај најслабиот тим во групата.

„Натпреварот има исклучително значаен за нас, со бод или два сигурно ќе бидеме трети, па со Рајн Некар следната недела ќе се бориме за второто место. Монпелје е квалитетна екипа во моментов прва во француското првенство. Играат незгоден ракомет поради тоа што многу често ги менуваат одбраните, играат 3-2-1, 6-0 и 5-1, што е многу тешко за адаптација“, рече на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

Шпанскиот стратег изрази задоволство што екипата по светското првенство и мечевите кои ги играше во СЕХА лигата, конечно доби една цела недела за тренинг. Според него, од ден на ден работите одат според посакуваниот план и се надева дека екипата ќе се претстави во вистинска светлина против Монпелје.

Атмосферата на тренинзите помалку ја нарушуваат полесните повреди на Прибак, Марковиќ, Тоскиќ и Душебаев, но Шпанецот смета дека има доволно време до натпреварот со францускиот тим тие да бидат максимално подготвени.

Првиот натпревар меѓу овие два тима кој се одигра на 19-ти октомври минатата година во Монпелје заврши без победник 34:34. За разлика од тој меч, кај Монпелје го нема репрезентативецот на Франција, Матје Гребиј, кој тогаш постигна 11 голови.

„Тоа што тој нема да игра е добро за нас, бидејќи тој е многу добра играч кој подеднакво добро игра и во одбрана и во напад. Сепак, Монпелје има уште неколку добри ракометари, а тоа што нема да игра Гребиј е проблем за нив“, рече Гонзалес.

Натпреварот меѓу Вардар и Монпелје ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“, в сабота со почеток во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП