6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБезбедноста е најважна: ФФМ на семинар со делегатите од Првата и од...

Безбедноста е најважна: ФФМ на семинар со делегатите од Првата и од Втората лига

sad

Одделот за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија на помалку од три седмици до почетокот на пролетниот дел од првенствата во Првата и во Втората македонска фудбалска лига, во хотелот „Континентал” организираше работен состанок со делегатите, на кој главни теми беа  безбедноста, заштитата на интегритетот на натпреварувањето и координацијата на сите засегнати страни, вклучително и судиите. 

Посебно внимание беше посветено на  борбата против наместените натпревари, улогата на делегатите во спречувањето на таквите тенденции и координацијата со останатите овластени институции.

Во делот на безбедноста беше опишана улогата на делегатот во активностите против насилното однесување како и расистичко, национално навредување односно скандирање на трибините.

Се истакна важноста и на комуникацијата меѓу и делегатот, на нивната синергија и заедничка улога во случај одреден натпревар да треба да се прекине. Делегатите активно се вклуција во дискусија со поставување на конструктивни прашања, а едно од тие беше и воведувањето на 6 судии т.е двајца дополнителни на натпреварите со висок ризик, односно на барем еден на натпревар од секое коло од Прва МФЛ.

Претседателот на комисијата на натпреварување, Васко Дојчиновски, даде осврт на досегашниот дел од првенството, ги посочи клучните обврски на делегатите на натпреварите и ги образложи инструкциите за прекин на натпревар од било која причина.

Обрна внимание и на соработката на ФФМ и МВР заедно со комесарите за безбедност од Прва и Втора МФЛ..

„Делегатите на натпреварите се важен дел од натпреварувањето, еден вид продолжена рака на Одделот за натпреварување во ФФМ. Свесни сме дека без добра комуникација и синергија не можеме да оствариме напредок кој е цел на сите нас. Не радува тоа што сите официјални лица проактивно се вклучија во разговорите на состанокот, постои очигледен интерес и желба на ваков начин да помогнеме во развојот на македонскиот фудбал. Совршени решенија кои ќе ги задоволат сите не постојат, но сите се стремиме да ги поддржиме најдобрите можни решенија и прописи од кои сите ќе имаме корист”, вели Васко Дојчиновски.

Во делот за безбедноста говореа претседателот на комисијата за безбедност, Зоран Саздов и одговорното лице за интегритет, Роберт Марковиќ. Делегатите беа информирани за сите превентивни, организациски мерки и активности кои треба да ги превземат за натпреварите.

Емил Божиновски, претседателот на комисијата за судии на ФФМ објасни на кој начин ќе се одвива координацијата на работата на судиите пред, за време и после натпреварите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП