25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСимпатични гаџети кои ќе ви кажат многу повеќе од кутија чоколатца

Симпатични гаџети кои ќе ви кажат многу повеќе од кутија чоколатца

HDR-AZ1VR

Останаа уште неколку денови до Св. Валентин, ако се уште барате подароци за вашите сакани, Sony има неколку добри препоракиза вас

За сите љубители на спортот

Без разлика дали спортувате заедно или не, добрата музика ќе ви ја подигне енергијата. Без разлика дали сте на стаза, во сала или во базен, вокменот NWZ-WS613 MP3 ќе ви биде најдобар пријател. Со NFC и Bluetooth® конекција со еден допир ќе ви овозможи да се фокусирате единствено на вашиот тренинг. Со меморија од 4GB (отприлика 1000 песни) и до 8 часа батерија ќе може да уживате во триатлон исполнет со музика.

За сите оние што сакаат музика

SRS-X3

 

Искажете ги вашите чувства преку музика. Вокменот NWZ-A15 не само што е елегантен и софистициран, туку е и компатибилен со аудио во висока резолуција за да ја почувствувате магијата на музиката во сите нејзини нијанси. Има 16 GB внатрешна меморија, вграден дигитален појачувач со S-Master™ HXтехнологија за најчист квалитет на звукот. Ја вклучува DSEE HX™ технологијата која што помага за обновување на квалитетот на компресираните фајлови. Се сеќавате на времето на касетите со компилации кога ги снимавте омилените песни за вашите сакани?Ова е нешто слично само многу подобро.

За љубителите на добриот звук

MDR-XB450AP

Иако ги обожавате моментите што ги поминувате заедно, секој заслужува малку време за себе, момент кога сте само вие и музиката. Слушалките MDR-XB450AP со екстра бас се многу практични и лесно се преклопуваат и се превиткуваат за да може да ги понесете секаде. Контролата вградена во кабелотви овозможува повици додека слушате музика.Достапни се во црна, бела и сина боја. Слушалките MDR-ZX750BNсе стилски  и ви овозможуваат безжична конекција за слушање преку Bluetooth®. Овие слушалки комбинираат естетика, звучна изолација за елиминација на врева и практични опции за поврзување. Благодарение на Bluetooth конекцијата, може да слушате музика на вашиот смартфон, таблет или компјутер без кабли. Безжичните преносни звучници SRS иSRS-X3-X2поради тоа што се лесни и имаат компактен дизајн се идеални за слушање музика внатре или надвор. Уживајте во интензивниот и моќен звук со технологијата ClearAudio било каде, поврзувајќи се лесно преку Bluetooth®со вашиот телефон или таблет.Само искористете го NFC и лесно може да одговорите на повик.

За љубителите на фотографијата

A5000

Фотографирајте ги вашите заеднички моменти. Без разлика дали се шетате, патувате или сте излезени навечер, Sony фотоапаратот е одлична придружба.

A5000е фотоапарат без огледало со заменливи објективи, користи Exmor™ APS HD CMOS сензор, има 20.1 ефективни мегапиксели и BIONZ image X процесор. ЛЦД дисплејот се врти за 180° за да направите селфи или пак одлични снимки дури и кога ќе го оддалечите апаратот. Благодарение на вграденатаWi-Fi и NFC конекција лесно може да споделите фотографии преку вашите мобилни уреди. Компактниот фотоапарат DSC-HX60 изобилува со прецизни технологии, 30x оптички зум, Exmor R™ CMOS сензор, 20.4 мегапиксели и BIONZ X процесор за слика за фотографирање на детали во далечина и снимки одблизу со најдобриот квалитет. Овој фотоапарат има стабилизација на слика, како и GPS и Wi-Fi за споделување на фотографии и видеа инстантно од вашиот мобилен телефон.

За сите оние што сакаат авантури

HDR-AZ1VR

Не сте од оние типови што сакаат да се излежуваат? Изненадете ги најсаканите со Sony Action CamMini.Отпорен на дожд и снег, со Wi-Fi конекцијата и компактната големина со тежина од само 63 грама моделот HDR-AZ1VRAction Cam Mini може да го носите секаде. Камерата има CMOS сензор Exmor™ R, 11.9ефективни мегапикселии ZEISS Tessar објективи со широк агол до 170°. Напредната SteadyShot технологија за стабилизација на сликата ќе компензира за најразличните заматувања и ќе направите јасни снимки. Далечинското со преглед во живо ви овозможува да го контролирате уредот од вашиот зглоб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП