18 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПол Ламберт ја напушти Астон Вила

Пол Ламберт ја напушти Астон Вила

lambert_2

Англискиот премиерлигаш Астон Вила му врачи отказ на менаџерот Пол Ламберт поради лошите резултати кои ги постигнува тимот.

Во наредниот период, до именување на нов менаџер, тимот ќе го предводат помошник тренерот Скот Маршал и тренерот на голманите Енди Маршал.

Ламберт (45) беше тренер на Астон Вила од 2012 година, а на 17-ти септември го продолжи својот договор до јуни 2018 година.

Астон Вила во вторникот загуби на домашен терен од Хал и ја продолжи низата на лоши резултати, екипата нема победа на последните десет натпревари.

Клубот од Бирмингем се наоѓа на 18-та позиција со 22 бода, а учинокот од 12 постигнати голови на 25 натпревари е најлошиот во историјата на Премиерлигата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП