Раководството на Реал Мадрид ги следи подетално настапите на напаѓачот на Јувентус, Алваро Мората, пишува весникот „АС“.
Шпанската „деветката“ е послободен при успехот на „старата дама“ над Милан во саботата, постигнувајќи гол и асистенција за втор. Во изминатото лето 22-годишниот напаѓач го напушти „Сантијаго Бернабеу“ во насока Торино за сума од 22 милиони евра. Во договорот има клаузула за повторно враќање во Мадрид.
Оваа година Мората ќе го чини Реал 30 милиони евра, а 12 месеци подоцна „кралевите“ ќе може да ја активираат опцијата за враќање на Алваро за 35 милиони евра.
Од почетокот на сезоната Шпанецот има пет гола за 696 минути во Серија „А“. Мората успеа да го растури парот во нападот Тевез – Љоренте и веќе се почесто добива шанса од Масимилиано Алегри.