18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАрсенал го продава Шчесни за да го купи Лено

Арсенал го продава Шчесни за да го купи Лено

leno golman

Арсенал ќе го продаде голманот Војчех Шчесни и ќе го замени со нов, пишуваат медимите на Островот.

Францускиот тренер на „топџиите“, Арсен Венгер не е задоволен од претставувањето на првиот голман во тимот и ќе му бара замена.

Полјак треба да го напушти клубот во текот на летото, а тренерите не веруваат дека Давид Оспина да стане стартер.

Колумбискиот репрезентативец ќе остане во клубот како втор избор, а прв избор ќе биде 22-годишниот Бернд Лено од Леверкузен.

Германецот е еден од најталентираните голмани во Европа, а во Лондон се подготвени да платат сума од 25 милиони фунти за правата на фудбалерот, а тоа е износот што раководстовото на тимот од Леверкузен ја сака за него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП