18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШвајнштајгер ќе си оди од Баерн!?

Швајнштајгер ќе си оди од Баерн!?

bayer swaini

Фудбалерот на Баерн Минхен и репрезентативец на Германија, Бастијан Швајнштајгер, во својата автобиографија открива дека наскоро би можел да го напушти клубот.

Како што наведува фудбалерот во автобиографијата којашто деновиве треба да биде објавена, во Баерн тој ги исполнил сите спортски цели и во иднина ќе му биде потребен нов предизвик.

Во редот на оние кои се заинтересирани за потписот на 30-годишниот фудбалер стоат неколку врвни европски тимови (Челзи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед), но се верува дека најголеми шанси да го придобие има Манчестер Јунајтед, бидејќи менаџерот Луј Ван Гал имал големо влијание врз кариерата на Швајнштајгер.

Актуелниот договор на Швајнштајгер со Баерн истекува во јуни следната година.

Швајнштајгер во Баерн ја минува целата своја кариера, во клубот тој пристигнал на 14-годишна возраст и досега има освоено 20 трофеи. За германската репрезентација има одиграно 108 натпревари и постигнато 23 гола и беше еден од најзаслужните за освоената титула на Светското првенство во Бразил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП