4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООбјавени номинациите за наградата Лауреус

Објавени номинациите за наградата Лауреус

laureus2222

Објавени се имињата на спортистите кои се номинирани за престижната награда Лауреус.

Во машка конкуренција номинирани се Новак Ѓоковиќ кој освои седум АТП титули во 2014 година, меѓу кои Вимблдон и завршниот Мастер и се врати на првото место на АТП листата, потоа најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо, светскиот рекордер во скок со стап Рено Лавилени, најдобриот голфер на светот Рори Мекилрој, светскиот првак во Фромула 1 Луис Хамилтон и светскиот првак во Мото ГП, Марк Маркез.

Во женска конкуренција номинации добија атлетичарката Валери Адамс, норвешката нордијка Марит Бјорген, атлетичарката од Етиопија Ганзебе Дибаба, скијачката од Словенија Тина Мазе и тенисерките Серена Вилијамс и На Ли.

Наградата Лауреус ќе биде доделена на свечена церемонија која ќе се одржи во Шангај на 15-ти април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП