8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМечевска успешно оперирана, состојбата и е стабилна

Мечевска успешно оперирана, состојбата и е стабилна

mecevska 25

Ракометарката на ЖРК Вардар и репрезентативка на Македонија, Робертина Мечевска, е успешно оперирана во Ургентниот центар.

Мечевска во вторникот во 16.45 часот паднала од петтиот кат во зградата во која живеела во скопската населба Аеродром на улицата „Владимир Комаров“, по што таа веднаш била префрлена во Ургентниот центар каде и била извршена операција.

Операцијата минала успешно, на Мечевска и’ била извадена слезината нејзината состојба е стабилна и таа се наоѓа на одделението за интензивна нега.

Полицијата изврши увид на лице место и се утврдуваат околностите, како паднала ракометарката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП