2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХарден блескаше против Феникс

Харден блескаше против Феникс

harden 333

Пет натпревари се одиграа во НБА лигата, во ноќта помеѓу вторникот и средата, а победи забележаа Хјустон, Чикаго, Мемфис, Детроит и Денвер.

Хјустон славеше победа во Феникс (127:118) и со скор 36 победи и 16 порази се наоѓа на третото место во Западната конференција.

Џејмс Харден постигна 40 поени од кои 20 во последната четвртина, а му недостигаше уште една асистенција за да забележи „трипл дабл“. Харден на 40-те поени придодаде уште 12 скокови и 9 асистенции.

Ерик Бледсо со 32 поени го предводеше Феникс кој има скор од 29 победи и 25 порази.

Зак Рендолф и Марк Гасол искомбинираа 33 поени и 19 скока и го предводеа Мемфис до победата над Бруклин (95:86).

Чикаго славеше над Сакраменто (104:86), а Тони Снел постигна рекордни во кариерата 24 поени.

ЛА Лејкерс загубија од Денвер (96:106), Детроит убедливо славеше над Шарлот (106:78).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП