4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСтојановиќ: Периодот во кој дојдов е специфичен за Металург

Стојановиќ: Периодот во кој дојдов е специфичен за Металург

rade 365

Поранешниот ракометен репрезентативец на Македонија Раде Стојановиќ (36) започна со тренинзите во својот нов клуб Металург, со кој потпиша договор до крајот на сезоната.

„Доаѓам во специфичен период за Металург и се надевам дека со моето искуство ќе помогнам во реализација на зацртаните планови. Металург има млада и перспективна екипа која сигурно ќе го покаже својот квалитет. Очекувам тешка борба на секој фронт, но и освојување на второто место во првенството на Македонија и учество во завршницата на СЕХА-лигата. Се надевам дека Металург брзо ќе ги надмине моменталните проблеми и дека ќе се врати на местото кое му припаѓа“, изјавил Стојановиќ за клупската интернет страница.

Стојановиќ со своето искуство треба да претставува значајно засилување за Металург по заминувањето на сите играчи од првиот тим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП