20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте демантира дека ќе го преземе Милан

Конте демантира дека ќе го преземе Милан

conte2222

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Антонио Конте, ги демантираше шпекулациите дека по завршувањето на сезоната ќе стане тренер на Милан. Поранешниот тренер на Јувентус истакна дека негова желба е со Италија да игра на Европското првенство.

„Се најдов во една неочекувана ситуација и поради тоа морам да повторам какви се моите планови. Среќен сум што ја предводам италијанската репрезентација и сакам да го завршам она што го започнав. Се надевам дека со ова ставив крај на шпекулациите и дека сега ќе можам непречено да работам до 2016-та година“, изјави Конте пред италијанските новинари.

Италијанските медиуми започнаа да шпекулираат околу неговата иднина, откако тој за време на викендот изјави дека не би имал никаков проблем да го превземе Милан и покрај тоа што 14 години беше играч на Јувентус, клуб кој како тренер го предводеше до три титули во изминатите три години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП