7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУНИЦЕФ и Дејвид Бекам ќе им помагаат на загрозените деца ширум светот...

УНИЦЕФ и Дејвид Бекам ќе им помагаат на загрозените деца ширум светот (фото+видео)

David Beckham Celebrates 10 Years As A UNICEF Goodwill Ambassador - Photocall

Познатиот фудбалер Дејвид Бекам и УНИЦЕФ ја најавија новата иницијатива, “7”: Дејвид Бекам Фонд на УНИЦЕФ за заштита на милиони најзагрозени деца ширум светот која има за цел да им помогне на децата ширум светот, жртви на насилството, природни катастрофи, еболата.

Одбележувајќи ја 10-годишнината на Бекам како амбасадор на добрата волја, фондот „7“ ја покажува личната посветеност на Дејвид во текот на следната деценија да им помага на најранливите деца ширум светот.

Преку „7“, Дејвид ќе го користи своето име кое има моќ ширум светот, како и своето влијание и контакти за да помогне да се соберат финансиски средства за помош на децата и да се охрабрат светските лидери да направат трајни позитивни промени за децата.

David Beckham Celebrates 10 Years As A UNICEF Goodwill Ambassador - Photocall

Дејвид Бекам, амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, рече: „Јас сум амбасадор на добрата волја веќе 10 години и ми претставува чест да бидам дел од одличната работа која УНИЦЕФ ја врши за децата.”

„Денес, потребата да им се помогне на децата е поголема од било кога и откако се пензионирав имам многу повеќе време на располагање и би сакал да направам уште многу повеќе. Затоа  го воспоставувам овој нов фонд со УНИЦЕФ. „7“ ги претставува моите тековни заложби да им помагам на децата на кои тоа им е најпотребно ширум светот. Вака јас ја зголемувам мојата поддршка – бидејќи можам, бидејќи сакам, бидејќи исходот ќе помогне да се променат животите на милиони деца. Сѐ што имам направено, мојата кариера во фудбалот, моето семејство, ме доведоа до овој момент – ова е момент за мене да го направам тоа што можам за да помогнам на децата во секој дел од светот. Ова е она на кое сакам да се гордеат моите деца” изјави Бекам.

„Во текот на следните години ќе работам со УНИЦЕФ на собирање на милионски суми и јавно ќе говорам за децата ширум целиот свет. Планирам да спроведам бројни активности за собирање на средства и исто така се надевам да патувам многу повеќе – да се среќавам со деца,  вработени во УНИЦЕФ и светски лидери за да помогнам да се подигне свеста и да се зголеми темпото на промените. Јас сум многу горд што сум дел од ова”, додава Бекам.

Отворањето на фондот „7“,  кој е именуван во чест на среќниот број на Бекам од неговите славни дресови од фудбалските клубови на Англија  и Манчестер Јунајтед, се случува по една од најразорувачките години за децата.

David Beckham

Повеќе од 15 милиони деца беа изложени на екстремно насилство во големи конфликти во 2014, додека пак други милиони деца беа погодени од природни катастрофи, а илјадници останаа сирачиња и надвор од училиштата како резултат на разорувачката епидемија на ебола. Покрај вонредните состојби, децата исто така беа изложени на сериозен ризик –  168 милиони деца ширум светот беа ангажирани во детски труд и имаше многу голем број на други жртви на сексуално насилство, трговија со деца и женско генитално осакатување.

„7“ има за цел да се поттикне надежта и потенцијалот во 2015 – година во која меѓународните лидери ќе се согласат околу новите глобални цели кои ќе го променат животот на децата во годините кои следат. Преку 7, Дејвид Бекам ќе собере значителни фондови и ќе се застапува за промени за да обезбеди дека УНИЦЕФ и неговите партнери можат да испорачаат резултати за децата – во образованието, за вода и санитарни услови, здравствена заштита или социјална заштита – и притоа да бидат опфатени децата на кои тоа им е најпотребно.

David-Beckham-2222

УНИЦЕФ ги има идентификувано клучните места, ширум седумте региони во светот, каде има потреба од итно финансирање за да се помогне да се зачуваат и да се променат животите на децата во следните три години. Некои од програмите се наменети за градовите и селата, некои се национални програми наменети за целата земја, а некои за целиот регион. Сите тие се места каде децата сега живеат во опасност – од насилство, злоупотреба или болести – места каде до сега недостигот на финансии значеше дека децата ќе останат ранливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП