23 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРојс сепак останува во Дортмунд!?

Ројс сепак останува во Дортмунд!?

marko rojs 3948

Сагата со Марко Ројс доби неочекуван пресврт, откако стана јасно дека играчот се согласил да потпише нов договор со Борусија (Дортмунд) и на тој начин да ја продолжи кариерата во клубот.

Во него ќе биде вклучена и специјалната клаузула дека тој ќе остане во тимот и при испаѓањето на клубот од Првата Бундеслига.

Според сегашниот договор, кој истекува во летото 2016-та година, германскиот репрезентативец може да го напушти клубот уште на крајот на оваа сезона за сума од 25 милиони евра. Се очекуваше Ројс да го искористи тоа и да направи трансфер во Реал Мадрид или друг од европските гиганти.

Вчера прв „Ruhr Nachrichten“ соопшти дека фудбалерот се согласил да го продолжи договорот за уште една сезона или до 30-ти јуни 2017-та година, а во новиот договор ќе отпадне откупната клаузула.

Денес „Kicker“, сепак пишува дека всушност договорот ќе биде дури до летото на 2019-та година, и дека ќе биде валиден дури при испаѓање на тимот во Втората Бундеслига. На овој начин Ројс ќе биде врзан со Борусија, дури ако тимот го загуби своето место во елитата што не изгледа воопшто неверојатно, имајќи ја предвид кризата во резултатите и местото во долниот дел на табелата.

Платата на играчот пак ќе е од околу 10 милиони евра. Засега нема ништо официјално за темата ниту од клубот, ниту од самиот фудбалер или неговиот агент. Во принцип двете страни се договориле да одлучат за иднината на играчот до март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП