21 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГрег Поповиќ стигна до 1000 победи во кариерата

Грег Поповиќ стигна до 1000 победи во кариерата

WP-SpursGreggPopovich

Кошаркарите на Сан Антонио ја совладаа Индијана со 95:93 и на својот тренер Грег Поповиќ му ја донесоа 100-та победа во кариерата. Во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот победа забележа и лидерот на Истокот Атланта, во чии редови со одлука на тренерот не настапи Перо Антиќ.

Сан Антонио во Индијанаполис ја надополни негативата од 14 поени со која влезе во последната четвртина и запиша тесна победа (95:93). Италијанскиот репрезентативец Марко Белинели ги постигна победничките поени на две секунди до крајот на натпреварот.

„Овде сум долго и секогаш имав добри играчи во тимот. Тое е формулата за успех“, рекол Поповиќ кој стана деветтиот тренер во НБА историјата со најмалку 1000 победи во кариерата.

Поповиќ има скор од 1000 победи и 462 порази во 19-те сезони на клупата на Сан Антонио.

Сан Антонио до победата го предводеа Тони Паркер со 19 и Тим Данкан со 15 поени.

Атланта славеше во Минеаполис над Минесота со 117:105 и стигна до 43-та победа во сезоната. Ал Хорворд со сезонски рекорд од 28 поени ја предводеше Атланта, додека два поени помалку постигна Демар Керол. Кевин Мартин во поразениот тим беше најефикасен со 21 поен.

Кевин Дурент постигна 40 поени (7/12 за три) во победата над Оклахома во Денвер од 124:114.

На другите натпревари: Голден Стејт славеше во Филаделфија (89:84), Вашингтон го порази Орландо (96:80), Мајами триумфираше над Њујорк (109:95), Милвоки го совлада Бруклин (103:97), Јута победи во Њу Орлеанс (100:96), а Клиперси славеа во Далас (115:98).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП