20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung ќе инвестира во Sharp

Samsung ќе инвестира во Sharp

sharp

Кон крајот на минатата година „Qualcomm“ во „Sharp“ вложи 120 милиони долари, а сега на потег е и „Samsung“.

Според некои медиуми, „Samsung“ и „Sharp“ преговараат околу можноста за вложување. Сумата која корејскиот гигант ќе ја вложи во јапонската компанија најверојатно изнесува 110 милиони долари.

Аналитичарите тврдат дека со овој потег двете компании ќе бидат во добивка. На „Sharp“ добро ќе им дојде финансиската инекција, додека пак на „Samsung“ ќе им припадне 3 проценти од сопственичкиот пакет во „Sharp“. Според последните информации најверојатно преговорите се во завршна фаза и дека во скоро време ќе дојде до реализација.

Дополнителни проблеми во последно време на „Sharp“ им прави намалената побарувачка на екраните кои се приспособуваат со  големиот „iPad“. Поради зголемената продажба на малата верзија на „iPad“ и екраните за нив, кои „Sharp“ не ги произведува, па така „Apple“ ја намали порачката на големи екрани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП