19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНово злато за Мазе

Ново злато за Мазе

940-tina-maze

Тина Мазе го освои вториот златен медал на Светското првенство кое се одржува во Вејл и Бивер Крик, откако победи вo трката во суперкомбинација.

Мазе го освои третиот медал на тековното СП, претходно таа победи во спуст, а го освои второто место во супервелеслалом.

Словенката фанатстично ја возеше трката во спуст додека во слаломот успеа да ја задржи предноста над ривалките. Второто место и припадна на Австријката Никол Хосп, а третото на нејзината сонародничка Михаела Кирхгасер.

Мазе на наредните две трки доколку освои медали ќе го израмни рекордот на легендраниот Норвежанец Ласе Кјус, кој во 1999 година на СП кое исто така се одржа во Бивер Крик освои пет медали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП