18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКуртоа се враќа во Мадрид!?

Куртоа се враќа во Мадрид!?

tibo atletiko

Според информациите кои пристигнуваат од Островот, голманот на Челзи е прикажан како потенцијално засилување на шпанскиот гигант.

Во случај да пропадне планот за доведување на Давид де Геа од Јунајтед, Реал Мадрид има план „Б“.

Новинарот на „Daily Mail“ Џонатан Грин дошол до информации дека алтернатива за Де Геа е Тибо Куртоа.

Белгиецот имаше три одлични сезони во Примера бранејќи за мадридски Атлетико, како позајмен играч од Челзи, и за тоа време неретко шпекулираа за интересот на Реал за него.

Состојбата со голманите во „кралскиот клуб“ е проблематична. Икер Касилјас оваа сезона се избори за место во првиот тим, иако неговите киксови го наметнуваат прашањето како е можно да има предност во однос на Кејлор Навас.

Неодамна се појави вестта дека Ливерпул би можел налето да го доведе одличниот Костариканец, не затоа што е во сенка на Касилјас, туку поради тоа што Флорентино Перез размислува за купување на нов голман, а во прв ред е Давид де Геа, а сега се појави името на Тибо Куртоа.

Едно е сигурно, како што ќе се доближува летниот преоден рок, шпекулациите ќе бидат се почести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП